Животот ни се случува до 25-тата година?

 

Луѓето се сеќаваат најдобро на работите кои им се случуваат до 25-годишна возраст. Ова го покажуваат резултатите од едно американско истражување, цитирано од „Дејли мејл“.

Учесниците во експериментот на Кристина Щајнeр од Универзитетот во Њу Хемшар биле пензионери.

Тие требало да ја раскажат својата биографија   за 30 минути. Оттука било забележано дека тие покажуваат „бум на меморијата”, односно  најдобро се сеќаваат на настаните  од животот во периодот помеѓу 17-тата и 25-тата година од својот живот.

Интересно во случајот е дека сите 34 учесници во експериментот, кои биле на возраст меѓу 59 и 92 години, многу послабо  се сеќавале на  блиското минато, отколку на животот до 25-тата година.

Случките во споменатиот временски интервал се паметат многу подобро, без разлика дали тие биле позитивни или негативни, очекувани или неочекувани…

- Реклама -