Жрепката одлучи: Река прв, Силјановска втора, Пендаровски трет

На денешната јавна седница во Државната изборна комисија, преку жрепка се одредуваше редоследот на кандидатите за претседател на гласачкото ливче на претстојните претседателски избори.

Под реден број 1, на ливчето ќе стои името на кандидатот Блерим Река, кој е поддржан од Алијансата за Албанците и БЕСА. Зад бројот 2. ќе стои името на Гордана Силјановска-Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, а кандидатот под реден број 3. ќе биде Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ.

Претседателската изборна кампања официјално почнува на 1 април, а ќе трае до 19 април, по што следува предизборниот молк. Првиот круг ќе се одржи на 21 април, а вториот е закажан за 5 мај.

 

Прочитајте и:  СДСМ: Наместо да и честитаат на Шекеринска, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ избраа да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема
- Реклама -