Американските колеџ братства се познати по незаузданите журки и астрономските количини на алкохол, ама досега не беше познато дека рушат рекорди.
Минатиот месец полицијата во Bethesda, Мерилен Каунти добила низа поплаки од соседите во едно прилично богато предградие. Тоа резултирало со полициски упад во пријавената куќа, каде затекнале нешто што очигледно било пеколна забава.
Судските документи покажуваат дека полицајците нашле прозори блокирани со пластични ќеси полни со лименки од пиво и шишиња алкохол, а подовите биле лепливи од истурен алкохол.
На крајот конечно бил тестиран и воздухот во просториите во куќата – алкотестот покажал 10 промили (според американскиот закон, со 8+ промили веќе си некадарен за возење).
Се покажало дека во изнајмената куќа се одржувала „Текила парти“, организирана од шест членови на братството Sigma Alpha Epsilon. На забавата присуствувале околу 70 млади луѓе на возраст од 17 до 20 години. Некои се заклучиле во купатилото, а други скокале од втор кат за да ѝ избегаат на полицијата.
Поднесени биле вкупно 126 пријави за служење алкохол на малолетници, со вкупни казни од 315.000 долари.