Зимска авантура: Поглед на поларна светлина и ноќевање во игло „за само“ 83.000 фунти

Замислете ноќевање во снежната хармонија на далечните северни краишта, завиткани со топли прекривки во мек кревет, а додека уживате во зимската тишина и полека тонете во сон, над вас се простира најпрекрасниот поглед на светот.

Луксузен престој на Северен пол бара да имате  длабок џеб и чувство на авантура. Од април 2020 година, ќе биде достапно хотелското сместување во игло.

Во понуда ќе бидат десет игла и секое игло има стаклен покрив за да им овозможи на посетителите да ја набудуваат чудесната поларна светлина од удобен топол простор, иако надворешните температури достигнуваат дури и до минус 45 Целзиусови степени.

-„Сакав да создадам удобно сместување, да го доживеам Северен Пол, па добив идеја за удобно сместување во екстремни временски услови. Ние нудиме сè, од опрема, и потребен ви е само духот на истражувач или научник “, рече Џен Хонканен, основач и директор на „Luxury Action“.

Ноќевањето чини 83.000 фунти, а гостите добиваат луксузно сместување, бања, водич за опстанок во дивина, готвач и врвна безбедност.

Во екстремно време, куќите можат лесно да се преместуваат.

Во цената се вклучени две ноќевања во Свалбард, Норвешка, пред поаѓањето за Северен Пол, превоз, оброци, излети.

- Реклама -