Издавачкиот центар ТРИ од 15 декември( понеделник) во својата
кафе-книжарница во ГТЦ во Скопје, започнува со својот традиционален
Зимски фестивал на книгата.
Издавачкиот центар ТРИ од 15 декември( понеделник) во својата кафе-книжарница во ГТЦ во Скопје, започнува со својот традиционален Зимски фестивал на книгата.
Манифестацијата се одвива под мотото “Подари вредност, подари со љубов”, и ќе трае до 30 јануари 2009 година.
А за овој фестивал ТРИ подговти специјална програма – серија нови изданија меѓу кои последниот објавен роман на Пауло Коелјо Брида, Индиго Бомбај од Јагода Михајловска-Георгиева, Љубов со мали букви од Франсеск Миралјес, Богот на малите нешта од Арундати Рој, Љубовен живот од Зеруја Шалев, Герила маркетинг од Џеј Конрад Левинсон, Нова земја од Екарт Тол, Омилената игра од Леонард Коен, Успех од Наполеон Хил, и многу други, голем попуст на сите изданијата на ТРИ 20-50%, специјална понуда за сите останати изданија кои ги нуди во својата книжарница, промоции и средби со писатели, а за сите оние кои сметаат дека книгата е вистинскиот новогодишен подарок, ТРИ подготви и голем број новогодишни пакети.
На Фестивалот ќе биде промовирана новата колекција наслови на најголемиот светски издавач на монографски изданија од областа на уметноста, архитектурата, филмот и модата ТАШЕН,чиј застапник и дистрибутер за Македонија е ТРИ.