„Златен даб“ го пронајдоа рецептот за создавање на светски реклами

Можеби рекламата на „Златен даб“ е една од најдобрите кои сме ги виделе во Македонија воопшто.

Овојпат, нивната приказна е сместена во средниот век, каде жените се организираат за да ги вратат своите мажи дома. Нивниот план е совршен. Тие прават „Тројански коњ“ од буре пиво во кое е сокриена една од нивните жени.

„Златен Даб е бренд кој им раскажува сосема поинаква приказна на своите потрошувачи. Се обидуваме постојано да изненадиме со интерактивни кампањи, со креативност, бидејќи овој бренд сака да им даде повеќе на своите потрошувачи. Сакаме на несекојдневен начин да ја раскажеме приказната за пивото, сосема подруг, повозбудлив начин од нашето секојдневие. Се покажа дека креативниот и инвентивен пристап, кога станува збор за Златен Даб се цени од потрошувачите и дека успеавме да направиме голем исчекор во тоа како не перципираат и што да очекуваат од Златен Даб. Високиот квалитет на пивото, поддржан од иновативен и интересен начин на комуникација дава одлични резултати”, изјави Александар Чатлески, бренд менаџерот на Златен Даб.

Во снимањето учевствувале повеќе од 200 статисти и неколку продукциски екипи.

Ако уште не сте ја виделе, уживајте во новата приказна на нашиот бренд.

- Реклама -