Американците го освоија златото во кошарка на Олимписките игри, славејќи против Франција со 98:87 во финалето, со што го освоија нивниот петти златен медал по ред.
За најдобар играч на турнирот беше прогласен ветеранот Леброн Џејмс, кој во финалето постигна 14 поени. Неговиот тим доминираше во финалето, водејќи речиси во текот на целиот натпревар, иако домаќините пружија отпор и не се откажуваа до самиот крај.
Најефикасен во финалето беше Стеф Кари, кој погоди осум тројки и имаше 24 поени, додека Букер и Дурент имаа по 15 поени.
Претходно, во натпреварот за бронза, репрезентацијата на Србија славеше против Германија со 93:83, а тоа што беше најинтересно за корисниците на социјалните мрежи е што српските репрезентативци по своите бронзени медали пристигнале поднапиени.