Дали често ви се случува да бидете нерасположени или да искусувате нагли промени во расположението? Науката вели дека за ваквите појави може да се должат на недостигот од секс.
1. Запуштени интимни делови
Воопшто не сте загрижени за изгледот на вашите интимни делови, а депилација не ви е во план во брзо време. Ова е сигурен знак дека не сте имале секс во последно време и дека сте го занемариле тој сегмент во животот.
2.Тажни сте
Ендорфинот е заслужен за опуштање на мозокот и доброто расположение. Можете да направите неколку работи за да се чувствувате подобро и да го зголемите нивото на ендорфинот во организмот. Една од нив е сексот, кој освен што ќе ви го подобри расположението, добро ќе влијае и на вашето здравје.
3.Секс со поранешниот партнер
Имате голема желба да му се јавите и да се препуштите на неговите допири, а знаете дека тоа е лоша идеја со оглед на фактот дека имате заедничко минато. Тоа е уште еден знак дека очајно ви недостига секс, но наместо да го направите тоа со поранешниот партнер, обидете се да најдете алтернативен пат до задоволството.
4.Темпирана бомба
Ако се чувствувате како темпирана бомба и имате желба целиот бес да го истурите врз вашиот партнер, разамислете и обидете се да сфатите зошто сте под толкав стрес. Повторно, сето тоа може да се должи на недоволно секс во животот.
5. Притисок од обврски
Повеќе немате претстава кој ден е во седмицата, кога ќе се разбудите наутро знаете само дека ви е доста од работата и обврските. Обидете се барем малку да се ослободите од секојдневните обврски и уживајте во љубовта.