Вашите навики ве дефинираат во сите сфери од животот, вклучително и во областа на купувањето. Доколку се пронајдете во повеќето од овие точки, тогаш сигурно ќе знаете оти сте лош купувач.
Вашите навики ве дефинираат во сите сфери од животот, вклучително и во областа на купувањето. Доколку се пронајдете во повеќето од овие точки, тогаш сигурно ќе знаете оти сте лош купувач.
2. Влегувате во продавница 10 минути пред крајот на работното време и не можете да се одлучите што сакате да купите уште половина час.
3. Барате попуст. Не наведувате причина зошто треба да добиете попуст, едноставно тврдите дека истиот ви следува.
4. Барате две чоколатца од 10 и 20 денари да ви ги наплатат на различни сметки.
5. Им се обраќате на вработените по име, само затоа што носат беџ со своето име.
6. Влегувате во продавница, купувате пакетче мастики, плаќате со банкнота од 1000 денари и потоа се лутите што немаат да ви вратат точен кусур.
7. Инсистирате дека касиерите треба да ви ги искинат / залепат купоните за наградна игра, а потоа се жалите кај менаџерот кога ќе одбијат да го сторат тоа.
8. Редовите не важат за вас. Се туркате со сите, за да стигнете напред, затоа што тоа е ваше вродено право.