Знаете ли за правилото 50-30-20?

Пеперутки во стомакот и насмевка која не ви се трга од лицето се знаци за нова врска, но за позитивното чувство да трае што подолго постојат ситници на кои е потребно да внимавате.

Иако правилата за добра врска веќе сите ги знаеме на памет, не е лошо да проверите или да повторите што предлагаат експертите за оваа тема.

tumblr_m30ex6ATde1rpge3co1_500

Експертката за врски Венди Атербери го предлага правилото 50-30-20: 50% од времето одвојте за партнерот, 30% за пријателите и семејството и 20 за себе. Тоа е формулата што ќе обезбеди здрав и успешен однос во кој сите ќе бидат задоволни.

Кратки совети за добра врска:

Согласете се на компромис, но останете свои

– Заборавете на СМС пораките – разјаснете ги работите во четири очи

– Не го споредувајте сегашниот со поранешните партнери

couple love hugging hug miss u alone sad girls kissing kiss cute emo making love photography tumblr (4)

– Појаснете му ги вашите граници

– Не се преправајте дека вашата врска е нешто повеќе од тоа што навистина е

– Продолжете да бидете независна и среќна жена

- Реклама -