Знаевте ли? САД имаат поголем БДП од цела Европска унија заедно

Според податоците на Trading Economics, а преземени од Светска Банка, САД во 2018-та имале бруто домашен производ (БДП) од 20.494 милијарди долари.

Истата година, цела Европска унија имала БДП од 18.748 милијарди долари.

Лани САД имале и поголем пораст на БДП – од 2.9%, за разлика од ЕУ, која имала раст од 1.9%, според податоците на Eurostat.

Споредбата не би требало да се смета за фер, бидејќи САД имаат речиси 200 милиони жители помалку отколку ЕУ. Сепак, споредено по БДП по глава на жител, САД повторно се убедливо подобри – со 62.6 илјади долари по жител, за разлика од ЕУ, која има 37.4 илјади долари БДП по жител.

Unbiased America овие податоци ги поткрепи со интересна мапа преземена од Vivid Maps. На картата европските земји се залепени на картата на САД, такашто секоја од европските земји да покрива површина од САД која има приближно еднаков БДП. Најголемите/најважните градови во секое подрачје на Америка се заменети со најголемите/најважните градови во европската земја која го покрива, стои во објаснувањето.

Прочитајте и:  Медиуми во ЕУ: Путин го пречекори опасниот праг

Па така Германија – најголемата економија во ЕУ, го завзема целиот Западен брег на САД, вклучително и Калифорнија, но и делови од сојузните држави источно од брегот, како Невада. Шпанија го завзема југозападот на САД, вклучително Тексас, а Франција го завзема југоистокот, вклучително Флорида и Џорџија. Велика Британија соодветствува на големо подрачје кое ги покрива сојузните земји од тн. Среден Запад (Midwest) – Илиноис, Мичиген, Висконсин и други. Италија ја покрива Вашингтон и околните држави.

Македонија, пак, е претставена во друштво на Малта и Кипар со навидум значителна површина, но во релативно неразвиената Северна Дакота (зголемена мапата можете да ја видите на ЛИНКОВ).

- Реклама -