Нови чекори во развојот на Движењето ЗНАМ
На последната седница беше усвоен Акцискиот план за оперативно делување на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија за 2026 година. Овој стратешки документ означува значаен напредок во политичкото и организациското јакнење на движењето.
Акцискиот план предвидува реализација на конкретни активности насочени кон изградба на силна и модерна политичка организација. Меѓу планираните активности се и формирање на Клуб на млади и Клуб на жени, основање на внатрепартиска академија – Институт за едукација, избор на регионални координатори и нивни заменици, како и формирање на работни тела и комисии за креирање политики. Планирани се и регионални средби, посети на сите 53 општински организации, организирање избори и нови општински структури, како и трибини и панел-дискусии низ цела држава.
Централниот одбор донел одлука дека во текот на второто тромесечие, во пресрет на две години од формирањето на Владата, Движењето ЗНАМ ќе започне обемна политичка и теренска кампања под слоганот „Европски реформи, европски институции, европска Македонија“.
Преку јавни трибини, средби со граѓаните, посети на општини и работилници, функционерите на ЗНАМ ќе ги презентираат достигнатите резултати, реформи и политики од досегашното делување во Владата, испраќајќи порака дека политиката е мерена преку дела, резултати и одговорност пред граѓаните.
„Движењето останува доследно на својата мисија да изгради силна, правна и стабилна Македонија. Ние веруваме во институции кои функционираат во интерес на граѓаните, а државата со достоинство и јасен национален интерес чекори кон својата стратешка цел – полноправно членство во Европската Унија“, истакнуваат од ЗНАМ.




