Ви нудиме неколку знаци кои што ќе ви го дадат вистинскиот одговор.
Ги стегнува рацете и нозете
Физичкиот знак дека човек е во потполна екстаза е стегнувањето на рацете и нозете. Кога гледате дека вашиот партнер го прави ова, земете го тоа како знак дека се бори со сите сили вашата средба да не заврши прерано. Очигледно, тоа што му го правите во тој момент делува.
Сака да го направи тоа повторно, веднаш!
Кога навистина ќе го избезумите, тогаш нема да може да се засити од вас. Самото размислување за секс ќе му биде толку возбудливо што ќе сака повторно. Значи, ако тој изгледа посебно ‘напалено’ тогаш сигурно нешто правите многу добро.
Се повеќе флертува подоцна…
Уште еден знак дека не може да престане да мисли на сексот кој штотуку сте го имале е ако продолжи подоцна сериозно да флертува. На пример ќе ви прати сочни пораки за да ви покаже колку му се допаѓате. Тоа е исто така знак дека ве чека следна средба.
Многу е чувствителен на допир во текот на целиот ден
Следниот сигурен знак е ако ви се чини дека ве допира повеќе од вообичаеното, дури и ако тоа е на изглед некое невино тапкање по рамото, по раката и слично. Буквално е толку возбуден што не може да ги тргне рацете од вас.
Ви кажува колку сте вие совршена
Ова е веќе очигледно, но ако тој зборува дека сте била фантастична, тогаш навистина го мисли тоа. Не го кажува тоа само за да биде пристоен, туку за да продолжите со тоа што му го правите. Не ги земајте неговите комплименти здраво за готово, туку уживајте во комплиментите!
На вас ви беше сјајно
Изреката вели: За танго се потребни двајца. Ако сексот ви бил чуден или непријатен, веројатно и тој така се чувствувал. Ако мислевте дека е страствен, веројатноста е голема и тој тоа да го мисли. Имајте го ова на ум следниот пат кога ќе се прашате како котирате: наједноставното мерило за тоа колку бил добар сексот за него, е да се прашате колку бил навистина добар за вас.
Тој пробува нешто ново
Повеќето мажи се прилично конкурентни по природа. Тој ако почне да испробува работи кои порано од него не сте ги виделе, тогаш земете го тоа како знак дека сака да ве задоволи онака како што и вие него го задоволувате, а ако тоа не ви се допаѓа, тогаш дајте му до знаење како стојат работите.