Знаци дека сте зависни од работа

Иако „работохолизмот” се изучува  речиси 45 години, современиот дигитален свет додава нова димензија на идејата за зависноста од трудот.

Технологијата како смартфоните, лаптопите и таблетите ни создадоа нови можности да работиме во секое време и насекаде. За некои луѓе тоа значи постојано.

Можноста да се работи и од дома ја заматува границата меѓу работата и одморот. Денес многу луѓе се чувствуваат притиснати да продолжат да се потат над задачите долго по официјалниот крај на работното време. Често од нив се очекува да бидат „на линија“ навечер, за време на викендите и дури и за време на отсуството.

Кога желбата да сме постојано поврзани ја поминува границата и се претвора во работохолизам?

Повеќето истражувачи го дефинираат овој феномен како симптом да работиш вонредно и компулсивно, без да бидеш во можност да се откажеш од трудот. Досега меѓутоа немаше јасна дистинкција помеѓу термините „многу работа” и “workaholic”.

160_professional_life_flash

Скала на работохолизмот

Норвешки научници од факултетот по психолошки науки на Универзитетот во Берген ги посочија симптомите кои  одредуваат карактеристики на работохолик. Тие создадоа скала на зависноста од работата, во која влегуваат следниве 7 критериуми:

1. Често мислите како можете да си ослободите повеќе време за работа.

2. Поминувате многу повеќе време во работа отколку што сте планирале првично.

3. Работите за да ги намалите чувствата на вина, анксиозност, беспомошност и / или депресија.

4. Ви велат  да намалите со работа, но не сте ги послушале советите.

5. Стресно ви е ако ви забранат или ве спречат да работите.

6. Хобиата или слободното време ви се на последното место.

7. Работите толку многу што тоа се одразува лошо на вашето здравје.

Ако одговоривте со „секогаш” или „често” на кое и да е од овие тврдења, веројатно сте работохолици. Истражувањето покажува дека околу 8,3% од норвешките вработени спаѓаат во оваа категорија. Според други податоци во просек 10 проценти од луѓето во секоја земја се работохолици.

workaholic

Луѓето кои спаѓаат во оваа категорија, често покажуваат високи резултати и за следниве три карактеристики на личноста:

Сочувство – Работохолиците често се поголеми алтруисти, со поголема веројатност да прават компромиси и поскромни се од останатите.

Невротичност – Работохолиците често се нервозни, непријателски настроени и импулсивни.

Интелигенција / имагинативна – Генерално работохолиците се иновативни и ориентирани кон дејството.

Од истражувањето станало јасно дека младите луѓе почесто се склони кон работохолизам. Полот и брачниот статус не играат улога. Родителите сепак се погодени почесто отколку луѓето без деца.

Опасностите да бидеш работохолик

Иако многу директори и менаџери потајно се радуваат кога ќе вработат човек склон да работи во секое време на денот и ноќта, на долг рок тоа е многу штетно како за луѓето, така и за самите компании. Вработените кои се трудат повеќе од 50 часа неделно, често страдаат од сериозни последици врз физичкото и менталното здравје.

Првично неспособноста да се одмориме од работата може да се манифестира во зголемена продуктивност. Со времето, сепак таа се намалува, а нашите односи со луѓето почнуваат да се распаѓаат. Стресот се акумулира и порано или подоцна зависноста кон работата ги зголемува ризиците за здравјето и дури може да придонесе кон прерана смрт.

Прекумерната работа отклучува исто така една интересна динамика. Колку повеќе работат луѓето, толку повеќе пари заработуваат. Подолгите часови сепак го намалуваат слободното време.

workaholic-employee

Третман

Немојте да се гордеете со работохолизмот – напротив, однесувајте се кон него како кон сериозно заболување. Еден од главните пролеми со неговиот третман е дека лекарите се уште не го препознаваат како легитимно растројство нерешено со зависноста од алкохол, дрога или коцкање.

И сепак има надеж. Можете да  посетувате и дури да организирате групи за самопомош и заемно да барате начини да се отцепите од работа, да се поврзете повторно со семејството и блиските и да најдете начини да станете поефикасни во работното време.

Можеби најдобро решение сепак е да започнете да сфаќате дека се претворате во работохолици. Анализирајте колку време давате на работата и не пропуштајте го моментот кога таа ќе почне да создава проблеми во личниот живот. Тогаш почнете да вежбате во отцепување од трудот,со тоа што ќе си правите редовни одмори и ќе ги одредувате здравствените граници на професионалниот живот. Така ќе се создаде добар баланс помеѓу работата и слободното време, кој што ќе ви помогне да бидете посреќни, поздрави и задоволни од животот.

- Реклама -