Дали сметате дека важите за читател? Дали се пронаоѓате во карактеристиките на страствен љубител на убавите приказни? Ако тоа е така, тогаш ќе се согласите со знаците подолу, кои ќе Ви откријат дали имате ОЧН, односно дали имате опсесивно читателско нарушување. За почеток – родени сте со листа за читање која е невозможно да се исполни во еден животен век…
1. Подобро би читале, наместо да спиете.
2. Секаде ја носите Вашата книга со себе.
3. Се имате заљубено во фиктивен лик повеќе пати.
4. Вашата книга е Вашата подобра половина.
5. Имате кошмари кои се состојат од стравот дека некогаш не би имале што да читате.