Зоран Милевски – Кичеец се сели од Шутка во домашен притвор

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, со амин на Обвинителството, го прифатил предлогот на одбраната на Зоран Милевски – Кичеец, второосомничен во „Рекет“.

Предлогот за укинување на мерката притвор и замена со домашен притвор бил поднесен на 19 септември, а денеска, по добивањето на позитивно мислење од страна на Обвинителството дека предлогот на одбраната на Милевски треба да биде уважен како основан, судијата на претходна постапка донел решение со кое мерката притвор се укинува и се определува мерка куќен притвор, соопштуваат од судот.

Со оглед дека жалбата не го одлага извршувањето, од Основниот кривичен суд информиpаат дека решението е испратено до странките, а обвинeтиот ќе биде спровeден на издржување на мерката куќен притвор во неговиот дом.

- Реклама -