Во почетокот на ерата на „Video Graphics Array“, т.е. ерата на VGA, најчести резолуции со 4:3 aspect ratio беа 640 x 480, 800 x 600, и 1024 x 768. Ако бевте хардкор, можеби имавте 1280 x 1024 или 1600 x 1200 монитор, кој подразбираше пософистицирана графичка карта.
Во раните денови на производството на LCD панели, 1024 x 768 панелите беа „златната средина“ во однос на цена-резолуција, одразувајќи поволен баланс меѓу профитот и ризикот од можни производствени дефекти кои би го оштетиле екранот. Како бонус, речиси секој тогаш модерен видео хардвер ја поддржуваше таа резолуција.
Кога пропорционално ќе прошириш екран висок 768 пиксели за да има aspect ratio 16:9 widescreen, станува 1366 x 768.
„Мојата теорија“, вели корисникот Phillip Remaker во одговорот на прашањето поставено во насловот, а на вебсајтот Quora, „е дека кога многу од LCD производителите требаше да произведат ТВ екрани со wide aspect ratio, тие се послужија со искуството на 1024 x 768 компутерската индустрија, бидејќи 768-пиксели високата форма беше таа со најинсталирана база“.
Со оглед на тоа дека 1366 x 768 дисплеите добро репродуцираат видео содржина, а видео содржината е важен дел од користењето на компјутерите, таквите панели се произведуваат во голема мера. 1080-пиксели високите екрани сега стануваат сé почести, за да го задоволат стандардот на high-definition телевизијата. Но всушност, тоа е чекор наназад од 1200-пикселниот стандард кој можеше да се најде во 4:3 VGA мониторите од високата класа од компјутерското блиско минато.
Еве еден стрип што ја доловува ситуацијата: