Дали го преферирате седиштето крај прозорецот или седиштето крај патеката?
Секој има свои причини за и против што донекаде „држат вода“.
Седиштето покрај прозорецот ви нуди убав поглед, но од друга страна, она што е крај патеката ви овозможува да ги испружите нозете, да излезете полесно до ВЦ и да бидете поблиску до стјуардесите.
Студија спроведена во 2012 година од страна на Expedia, покажа дека 21 отсто од луѓето избираат седишта крај прозорецот, 20 отсто кон внатрешноста, а останатите 59 проценти биле воздржани, не гледајќи никаква предност во едната или другата страна.
Каде и да седите, веројатно сте се запрашале зошто има мала дупка на дното на прозорецот во секој ред. Како што се испоставува, постојат две цели за тоа.
1.За да се спречи замаглување и замрзнување.
2.За да го изедначи притисокот.
За тие што сакаат да го прошират знаењето до „дополнителна литература“ има и видео.