Зошто да ни ги убиваме пајаците по дома: Не станува збор за суеверие и пари!

Веројатно не сте ни свесни дека овие суштества многу пати ве спасиле од заразни болести.

Се верува дека пајаците не треба да бидат убиени затоа што тие „носат пари во домот во кој живееме“, но повеќето луѓе сепак ги убиваат.

Ентомологот д-р Мет Бертон советува да не ги убивате, но не од суеверие, туку од други, многу пореални и најважни причини.

„Пајаците се важен дел од природата и екосистемите, како и другите инсекти. Тие влегуваат во домовите случајно или накратко за да се заштитат себеси, додека некои видови едноставно ја сакаат топлината и имаат тенденција да најдат дом за себе во вашиот дом, каде што ќе живеат и ќе се репродуцираат.’

‘Повеќето пајаци што можете да ги видите во вашиот дом се безопасни и не напаѓаат. Може дури и да бидат од корист јадејќи други штетници, па дури и други пајаци и комарци.’

‘Јас и моите колеги спроведовме малку истражување во 50 домови за да видиме кои пајаци живеат во домовите. Немаше куќа каде немаше пајаци, и тие претежно беа од два вида – подрумскиот пајак  (Фолцида-„Pholcidae“ ) и пајакот теридрид.

‘Иако тие се предатори кои јадат што и да фатат, тие се фокусираат на другите инсекти кои се штетни за луѓето, како комарците, кои можат да бидат носители на опасни заразни болести. Плетат мрежи со кои фаќаат други инсекти и ве ослободуваат од други мали штеточини.“ – рече Бертон.

Природно е да се плашите од пајаци

Имаат многу нозе и повеќето видови се отровни, но повеќето од нив имаат премалку отров за да и наштетат на некоја личност. Забите на повеќето пајаци не се доволно големи или доволно силни за да ја пробијат човечката кожа.

„Дури и ентомолозите се исплашени од пајаци. Познавам неколку колеги кои успеаја да ја надминат својата фобија работејќи секојдневно со овие фасцинантни суштества. Ако можеа тие, можете и вие!“ – кажа Бертон.

„Запомнете – пајаците не доаѓаат да ви наштетат, тие всушност ги избегнуваат луѓето, многу поголема закана сме ние за нив отколку тие за нас. Каснувањата од пајак се исклучително ретки, а бројот на опасни видови е мал, како црната вдовица и кафеавиот пустиник. Тие се опасни, но нивните каснувања се исклучително ретки.’

‘Ако веќе не можете да го поднесете пајакот во вашата куќа, стан, гаража или некое место каде што сте го приметиле, наместо да го срамните со земја како што тоа и обично се прави, ослободете го и пуштете го надвор. Тој ќе си пронајде друго место за живеење.’

‘Запомнете, исто така, дека нема простор каде нема пајаци. Дури и ако не ги гледате, тие се некаде, верувајте ми “, рече д-р Мет Бертон.

- Реклама -