Скоро третина од девојките кои работат во стриптиз-клубовите се студентки и доаѓаат од семејства од средната класа. Вака тврди новата студија објавена во „Британскиот журнал за социологија и едукација“.
„Клучните причини за влез на студентките во светот на стриптизот се високата цена на образованието, малата достапност на кредитите и заемите, како и можноста да го комбинираат стриптизот како професија и предавањата на универзитетите, поради флексибилноста која професијата ја нуди“, стои во студијата.
Академиците на универзитетот Лидс интејвјуирале речиси 200 танчерки во Велика Британија, а 29 проценти од нив биле запишани на некој вид студии. Студентите станаа главна група во која стриптиз-клубовите го црпат својот персонал, а еден град со два универзитета, во просек има 12 стриптиз-барови.
Од друга страна, студентките себе си се гледаат како танчерки, а не сексуални работници, во пто голем удел има прифатливоста што општеството ја демонстрира кон стриптизот.
Во студијата се наведува и дека постои ривалство меѓу постарите (кои работат за преживување) и младите стриптизерки и нивните разни мотиви.