Зошто е подобро да се забавувате со пониско момче?

Мажите кои се високи под 175 сантиметри помалку ги привлекуваат жените, а тоа го потврдуваат многубројните студии и секојдневниот живот.Една од главните причини што жените сакаат високи момци е тоа што не научило „општеството“, дека мажот треба да биде повисок од жената. Тој треба да биде заштитник и да доминира. Ако одамна сте сфатиле дека е бесмислена оваа идеја време е да размислите за идејата понизок маж. Погледнете седум добри причини зошто.

1. Ниските мажи се самоуверени

Во светот во кој сите гледаат „низ“ нив, тие се научени како да се истакнат. Ниските мажи се многу самоуверени, па често ги карактеризираат како вообразени, па дури и искомплексирани. Но, не е така. Тие едноставно само чувствуваат потреба за докажување, па со самото тоа се и повеќе успешни.

 2. Се чувствувате како манекенка

Знаете дека сите манекенки се по некој сантиметар повисоки од својот партнер? Тоа е така бидејќи природно се високи. Но, доколку не сте вие надарени со манекенска висина, тоа не значи дека не можете така да се чувствувате. Покрај нискиот маж секоја жена може да биде топ-модел.

27099_shutterstock_91972820_300x0

3. Ниските мажи живеат подолго

Ова е научно докажано! Ниските мажи живеат во просек две години повеќе од високите.

4. Ќе имате поголем избор

Ако критериумот го спуштите на 175 см, ќе имате дупло повеќе шанси да ја пронајдете љубовта на својот живот.

images

5. Висината не е проблем кога сте во кревет

Кога уживате во постелата, висината е последното нешто за кое што размислувате. Всушност, колку се повеќе слични висините, толку повеќе се совпаѓате. Меѓудругото бројни психолошки истражувања поажале дека мажите кои се ниски се подобри во кревет и се трудат максимално да ја задоволат партнерката.

6. Љубењето на прсти е минато

Уште една предност на ниските мажи е во тоа што можете да заборавите на подигнувањето на прсти за да му ја дофатите устата.

7. Ако е низок, не значи дека не е фраер

Ниските мажи можат да бидат подеднакво секси, шармантни и добри во кревет, како и нивните високи соперници.

short men 2

- Реклама -