Зошто е потребно толку време да се избере новиот Џејмс Бонд?

Британската фимска инустрија има само претпоставки, но не и информации за тоа дали и кога ќе ја видиме следната авантура на агентот Џејмс Бонд.

Се уште нема сценарио, нема наслов, нема ни режисер, иако според британските медиуми избран круг на луѓе веќе се повикани на состаноци во „Еон проодакшн“. Не е избрана локација, ниту кој дел од изворниот материјал на Иан Флеминг ќе се користи. Нормално дека нема ни автор и пејач на насловната песна, иако во обложувалниците веќе може да ставите облог за тоа, а како фаворити се издвојуваат Дуа Липа, Лејди Гага и Лана Дел Реј.

Но, најважно од се, се уште го немаме актерот кој ќе го глуми 007, иако за тоа има многу шпекулации. Професорот Џејмс Чепмен од Универзитетот во Лестер и автор на книгата „Лиценца за возбудување: Културната историја на филмовите за Џејмс Бонд“, истакнува дека доколку филмот излезе, како што се претпоставува, во 2027, тоа значи дека ќе има шест години пауза од експлозивната смрт на Крег во 2021 година, што е пауза што филмовите за 007 ја правеле и претходно.

Разликата помеѓу „Дозвола за убиство“ од 1989 годинам последниот филм со Тимоти Далтон и „Златно око“ од 1995 година, првиот филм со Пирс Броснан, изнесувала шест години, четири месеци и 14 дена.

Тоа се должело на низа причини – „Метро-Голдвин-Мајер“, матичното студио на Бонд, поминуваше низ банкрот и откуп. Реакцијата на публиката на вториот филм со Далтон беше слаба и тој се уште е најмалку успешен во поглед на заработувачка.

Креативно, корпоративно и лично, се тогаш било во проблеми, што не е ништо поразлично од ситуацијата сега. Само шест месеци по последниот филм со Крег, МГМ е повторно откупен – овој пат од „Амазон“ со кого „Еон“ ќе треба да се договара за иднината на франшизата.

Според медиумите, „Еон“ веќе има ангажирано сценаристи за да подготват текст за новиот филм.

„Овој првичен дел од процесот обично се одвива по одреден редослед“ објаснува Калвин Дајсон, креатор на содржини на интернет поврзани со Џејмс Бонд. „Кога Казино Ројал се развиваше, ‘Еон’ го избраа Мартин Кембел да го режира, пред да го изберат Даниел Крег, бидејќи Кембел сакаше да биде дел од процесот“.

Прочитајте и:  Македонскиот краткометражен филм „Сценариото“ на Александра Кардалевска ги освои светските филмски фестивали

Кембел исто така му дал на Пол Хагис да го преработи оригиналното сценарио, кое ветераните на Бонд, Нил Первис и Роберт Вејд го напишале имајќи го на ум претходникот на Крег, Пирс Броснан. Според тоа, режисериот е тој кој прв ќе биде избран, а не главниот актер, но кој ќе биде тоа?

Многумина посакуваат тоа да биде Кристофер Нолан, но „Еон“ сигурно бара некој втор Кембел – сигурни и искусни раце без свој личен карактеристичен стил кој би го засенил Бонд.

Теоретски може повторно режија да падне во рацете на Кембел, а друго име за кое се разговара е Германецот Едвард Бергер, чија репутација зајакна со адаптацијата на „На западот ништо ниво“, кој е награден со Оскар и Бафта.

Но, шпекулациите за режисерот не се тие кои го привлекуваат медиумското внимание. Уште пред да заврши „мандатот“ на Крег како Бонд, веќе се лицитираше за неговиот наследник. Досега, најмногу внимание привлече Арон Тејлор Џонсон, за кого таблоидот Сан објави дека „официјално му била понудена улогата“ во март оваа година.

Познавачите тоа го опишуваат како шпекулација или „официјална гласина“, односно тестирање од продукциската куќа за да ја процени реакцијата на јавноста.

Исто така се истакнува и дека изборот на Даниел Крег бил неочекуван, бидејќи во тоа време најпопуларно име во таблоидите беше тоа на Клајв Овен, па новиот Бонд може да биде и некој кој во моментов воопшто не се споменува.

Нивото на популарноста на актерот исто така треба да биде прикладно.

„Мора да биде познат, но да е на прагот од нешто поголемо. Често се вели дека Конери бил непознат, но тој бил активен на телевизија и играл споредни улоги во филмовите. Роџер Мур бил поблиску до филмска ѕвезда, но попопуларен бил во серии.“ вели Чепмен.

Извор: РТС

- Реклама -