Зошто е важно да се биде оптимист?

Koга на се гледате позитивно, животот би требало да биде многу поубав. Најново истражување покажа дека оптимизмот делува и тоа многу на физичкото здравје.

Научници од Харвардската школа за јавно здравје спровеле истражување и откриле една наизглед неповрзана работа – оптимистите имаат пониско ниво на холестерол и триглицерид во крвта. Не е сосема јасно што би можела да биде причината, но веројатно е во прашање тоа што ведрите и задоволни луѓе имаат обичај повеќе да водат сметка за здравата исхрана и телесната тежина.

Авторката на студијата Јулиа Боем вели дека ова сепак е уште еден доказ дека психичкото и физичкото здравје се тесно поврзани, како и тоа дека оптимистичниот поглед на светот има многу конкретни позитивни последици по нашето здравје.

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања
- Реклама -