Зошто го мразеа човекот што носеше чадор

chador

По враќањето од патувањето во Франција, Британецот Џонас Ханвеј за кратко време стана еден од најомразените ликови во Лондон. Ова се случуваше во 1750-тите, кога на уште еден обичен дождлив ден, Ханвеј за прв пат ги прошета улиците на Лондон со чадор. Во тоа време, да се прошеташ во Англија со чадор значеше општествено самоубиство. Таквиот гаџет Британците го сметаа за „одвратен“, феминизирачки предмет кој е манифестација на „слабост на карактерот“. Со нивни зборови, „премногу француски“ (too french). Дури и подоцна, мажите што  носеле чадори ги нарекувале „извештачени Французи“, во смисла на начинот на кој се движеле, а бил диктиран од носењето чадор.

Патем, баш неодамна кружеше таква вест по медиумите, каде беше прикажан Трамп со чадор, а Обама без чадор на дождливо време, демек тоа зборувало за карактерот. Изгледа не сме напреднале многу од 1750-та…

Премногу француски затоа што беше инспириран од парасолот (оние фенси плетени чадори што ги носеле богатите дами), направа со потекло од Далечниот Исток, која со векови ги штитеше благородничките класи од сонцето. Во Франција чадорот почна да се шири во раниот 18-ти век, кога францускиот трговец Жан Мариус измисли полесна верзија на парасолот, овој пат на собирање и со водоотпорен материјал можеше што го штити тој што го носи од дожд и снег. Во 1712, француската принцеза Елизабет Шарлот купи еден од изумите на Мариус и започна тренд кој набрзо го претвори чадорот во акцесоар што стана задолжителен за дамите од благородничките редови во земјата.

Ханвеј бил подвижна мета на гневот на безмалку секој од минувачите, но сепак, најмногу навреди трпел од таксистите. Таксистите се плашеле од новиот акцесоар, и со право, бидејќи неговата популарност значела повеќе пешаци (на дождливо време), а помалку патници. За такси бизнисот, чадорот претставувал сериозен удар.

Плашејќи се од опаѓањето на нивните приходи, многу таксисти и пајтонџии почнале насилно да постапуваат кон Ханвеј. Според британскиот историски магазин Look and Learn, кога ќе го виделе како поминува, често „го гаѓале со ѓубриња“. Во една ситуација, таксистот дури се обидел да го прекази Ханвеј со кочијата. Според записите, Ханвеј реагирал така што го искористил својот чадор за да му удри добар ќотек.

- Реклама -