Зошто Холивуд ѝ раскина на Кетрин Зита-Џонс

Catherine-Zeta-Jones-Hot-Wallpapers[1]

Изгледа како никогаш да нема да остари, има Оскар за споредна женска улога и е мажена за миленикот на Холивуд – Мајкл Даглас. А сепак, веќе не ја гледаме во големи и незаборавни улоги… Се обидуваме да размислуваме по холивудска логика и да провалиме зошто е тоа така.

Јавно зборуваше за своето биполарно растројство во 2011 година

За Good Housekeeping изјави: „Денот кога сфатив дека тоа нешто имало име, беше најдобар ден во мојот живот. Самиот факт дека некој знае како се чувствувам и дека професионалците можат да ме ориентираат во симптомите, беше многу ослободувачко. Чувствувам исклучителни пикови и многу ниски падови. Целта ми е да бидам постојано во средината на овој емоционален дијапазон. Во моментов се чувствувам многу добро со себе. Во голема мера тоа се должи на фактот што сега многу подобро разбирам што ме измачува”.

Од една страна е одлично што таа имаше храброст да зборува толку искрено и отворено. Веројатно нејзината позиција им помогна и на други луѓе кои се борат со истиот проблем. Но, не е исклучено дека исповедите за болеста ѝ ја оштетија кариерата.

Дискутирање на толку личен проблем може да предизвика кастинг-режисерите да гледаат на неа со една единствена мисла. Некои режисери и продуценти веројатно претпоставуваат дека работата со неа може да биде тешка. Има и друга верзија: можеби Зита-Џонс само преферира да гради кариера без многу врева, додека истовремено се бори со својот проблем.

guida-tv-stasera-in-tv-7-gennaio-2015[1]Никогаш не беше фан на „независната“ кинематографија

Повеќето од нејзините улоги се во високобуџетни филмови како „Зоро“ и „Чикаго“, во кои се дружеше со актери кои беа попознати и од неа самата. Со годините, сепак, бунарот со ваквите прилики се исцрпува и актерките веќе не добиваат такви улоги.

А Зита-Џонс никогаш не правеше напори да изгради имиџ на актерка со интерес за независното кино. Во таа смисла, нема како да се врати на учество во нискобуџетните продукции – како што тоа го направија други актерки кои станаа познати со сличен тип на улоги. Ваквиот потег ја прероди кариерата на многу ѕвезди во филмот, но во случајот на Кетрин Зита-Џонс очигледно не е применлив.

Семејни проблеми

Michael-Douglas-and-Catherine-Zeta-Jones[1]

Зита-Џонс почна да си го лекува биполарното растројство во 2013 година, а малку подоцна списанието People откри дека тивко се разделила со Мајкл Даглас. Нејзиниот агент потврди дека двајцата настојуваат да го стабилизираат бракот. Неколку месеци подоцна, Мајкл и Кетрин повторно се вратија заедно.

Но, уште еднаш, нејзиниот личен живот се претвори во коска за глодање за медиумите, и иако таа самата нé сносеше директна вина, тоа го одвлече вниманието од нејзините професионални амбиции. Жално е што токму заради слични лични проблеми беше осудена како „тешка за соработка на филмски сет“, но тоа е вистината.

008-chicago-theredlist[1]

Не ги носи филмовите на плеќи

Иако е неверојатно убава и талентирана, Зита-Џонс, со своето присуство, никогаш не успеа да спаси некој филм – за разлика од Џулија Робертс или Рис Витерспун, на пример. Таа не е гаранција за успех на благајните. Одлично се справува како актерка во споредна женска улога, но успехот на филмовите воглавно ѝ се должи на тоа што настапуваше со актери од високата класа, како на пример со Џорџ Клуни во Intolerable Cruelty (2003).

На кратко, велшката убавица е подобра како дел од целокупен актерски ансамбл. Филмските благајни докажуваат дека нејзиното име, само по себе, не е доволно да ги наполни кината.

intolerable-cruelty[1]

Нема свој индивидуален печат

Ако размислите, ќе сфатите дека е точно: Кетрин Зита-Џонс нема уникатен уметнички стил или „тип“. Да, играше во мјузикли како Chicago и Rock of Ages, но тоа не се вклопува во ниту еден типичен лик кој го одигра. Најчесто глумеше улога на гламурозна убава божица, но истото може да се каже за многу други актерки.

Од друга страна, и совршенството во една типична улога ретко работи во корист на актерите на долгорочен план, бидејќи автоматски ги брендираат како досадни и банални.

Така, таа е уште една од десетиците убави и талентирани оскаровки, кои по добивањето на наградата не успеаја да се истакнат заради недостатокот од уникатност и потонаа во заборав или во втор план.

Сепак, токму умерениот пристап на Зита-Џонс најверојатно можеше да отиде во нејзина полза, ако не беа личните проблеми. Да не се лажеме, Холивуд добро знае како да извлече полза од секој можен потенцијал, па можеби уште е рано да ја отпишуваме, иако токму Холивуд има многу опции на располагање. Сепак, одвреме-навреме, сите сакаат да погледнат уште по некој филм со гламурозна убава божица, а можеби тоа уште еднаш ќе биде Кетрин Зита-Џонс.

- Реклама -