Бројот 420, исто така и во облик 4:20 или 4/20, е број кој се доведува во тесна врска со канабисот, бидејќи 20 април во САД претставува ден за консумриање и славење на марихуаната.
Во седумсететите години, група студенти, точно во 4:20 часот (pm), се собирале кај статуата на Лус Пастер во универзитетскиот кампус во Сан Рафаел во Калифорнија, за да уживаат во својата омилена активност – пушење марихуана. Пред секој собир, низ ходниците на кампусот меѓусебно се потсетувале за претстојната средба, шепотејќи „Луј 420“.
Ама не е само денот 4/20 тој што ги привлекува уживателите на канабисот. Всушност, многу од нив „се палат“ на секоја можна комбинација на „4“ и „20“, па тука стигнуваме и до хотелите. Многу од туристите, во желба да понесат мали сувенири од патувањата, го крадат овој број од вратите на хотелските соби. До толку, што поголемите хотели немаат соба со број 420.