Зошто Илон Маск не им помага на сиромашните?

CEO-то на Tesla е уште еден доказ дека на твитер-светците е едноставно невозможно да им угодиш. Гарант би имале и на Никола Тесла што да му промрчат.

Имено, си седеше така Илон Маск на Твитер и си се фалеше (со цело право) околу лансирањето на Falcon 9 ракетата на SpaceX.

И одеднаш, напад.

Маск, во себе: „Чекај, озбилно е прашањево?“

Прво мислевме дека е шега, зашто Лори Килмартин освен што е твитер поборник за разноразни права, е и релативно познат женски комичар. Ама не било шега. Еве како продолжи разговорот – со неколку фанови вљубеници во науката кои пробаа да внесат малку разум во ситуацијата.

Прочитајте и:  Спејсикс го лансираше шестиот пробен лет на Старшип од Тексас во присуство на Трамп

Лори не се откажа.

И уште не се откажа…

Дури и заби покажа.

На крајот, си го доби заслуженото.

Нормално, разумните го пофалија херојот на денот.

Во последно време Лори доживува поголема популарност од обично, главно поради нашироко фалениот напишан текст за тоа колку е тешко да се биде женски комичар во светот на Луис Си-Кеј.

Веројатно ќе ѝ биде подобро да не се расплинува на повеќе фронтови.

 

- Реклама -