Првиот дел од овој материјал можете да го видите ТУКА.
Ајде да ја разгледаме сосема накратко структурата на нашиот најсложен орган – мозокот. Главните три партиции во него се мозочното стебло, лимбичкиот систем и мозочната кора.
Мозочното стебло е најпримитивниoт дел, кој што е одговорен за репродукција, опстанок и виталните функции како циркулација, дишење, спиење, скратување на мускулите како резултат на надворешни стимулации итн.
Лимбичкиот систем е центарот на нашите емоции. Заедно со мозочното стебло тој го образува т.н. стар мозок на човекот. Тој е одговорен за сите автоматизирани активности и реакции во нашиот организам.
Мозочната кора еволутивно се јавува последна, ја одредува нашата свест и е сето она што го разбираме како „Јас”. За разлика од мозочната кора, ние речиси немаме идеја како функционира стариот дел на нашиот мозок или нашата потсвест.
Најважнотo што го интересира, сепак, е дали човекот, кого го состануваме е некој кој:
– има потреба да биде нахранет
– може да не одгледува
– е погоден за секс
– е опасен за нас
– може да се одбрани
– е добро да му се потчините
Со помош на овие шест основни знаци поврзани со нашиот опстанок, стариот мозок ги оценува и избира луѓето крај нас.
Една од најважните карактеристики на потсвеста исто така е дека таа нема чувство за линеарно време. Денес, утре, вчера не постојат за неа. Сè што било, се уште е валидно. Кога ќе ја разбереме оваа специфика на потсвеста, можеби ќе можеме да си објасниме зошто денес понекогаш доаѓаме до крајни реакции на инаку сосема незначителни навидум стимулации во односите со другите.
А сепак, зошто не привлекуваат точно едни, а не други партнери?
Теоретски истражувања и клинички набљудувања покажуваат дека на крајот бараме некој кој што поседува основни карактерни црти, слични на оние на луѓето кои се постојано околу нас. Стариот мозок, поседува слаба претстава за надворешниот свет, се обидува да ја пресоздава средината од нашето детство. И причината да го прави тоа не е од навика или поради некаква слепа натрапчивост, туку во длабоката потреба да излечи стара рана од детските години.
Одлучувачката причина поради која се заљубуваме, не е во тоа што партнерот не е млад, згоден, успешен, забавен и со сличен систем на вредности. Се заљубувате бидејќи стариот мозок или потсвеста го збунува поради некоја причина објектот на нашето привлекување со некој од нашите родители или со блиски членови на семејството. Таа/тој верува дека можеби на крајот успеал/а да најде идеален кандидат за обештетување на некаква емоционална или психолошка повреда далеку во детството.
Се разбира, отворањето и сфаќањето на овој факт не е воопшто лесно, уште помалку очигледно.
Во следниот дел ќе продолжиме со темата за повредите од детството, кои сме подготвени да се обидуваме да ги лекуваме во своите врски. Кои би можеле да бидат тие и до какви последици за интимните односи придонесуваат?
…продолжува…