Зошто кесичките со чипс се полупразни?

Веројатно многупати сте останале разочарани од фактот што сте купиле уште едно речиси празно пакување на чипс од 10 денари.

Сепак, за оваа пракса постои објаснување. На овој начин производителите сакаат да ги заштитат своите деликатни производи цели ( без да се издробат) за време на испорака. Кога кесите се наредени една врз друга или се пренесуваат во тесни простори, токму оваа празнина ја исполнува улогата на воздушно перниче. Соодветно чипсот останува во својата испорачана форма.

Воздухот во пакетчето не е најобичен – тоа е азот, бидејќи кислородот може да ги расипе компирите. Влагата низ воздухот околу нас пак го навлажнува чипсот. Благодарение на азотот, храната останува свежа. Тоа е докажано во истражувањето спроведено во 1994 година.

Ова сепак не го оправдува огромниот празен простор кој хемискиот елемент го зазема во пакетче кое би требало да е полно со храна.

Закон усвоен во САД во 1966 година, ги обврзува производителите да ја запишуваат нето-тежината на своите производи, за да не ги доведат во заблуда потрошувачите. Истовремено кога ќе видат голем пакет, луѓето автоматски претпоставуваат дека тоа значи и повеќе храна. Решение? Читајте ги етикетите.

- Реклама -