Зошто Кинезите јадат со стапчиња?

How-To-Use-Chopsticks

За настанокот на стапчињата кои Кинезите и другите Азиски народи ги користат за време на оброкот, постојат бројни легенди, но вистинското објаснување веројатно се крие во кинеските обичаи.

Стапчињата како прибор за јадење за прв пат се појавуваат во текот на династијата Шанг, помеѓу 16 и 11 век п.н.е.

Благодарение на евтината изработка и леснотијата при ракувањето брзо ја зафатиле Кина, а потоа и другите делови од Азија.

„Употребата на стапчињата е израз на прочистувањето“, смета францускиот социолог и антрополог Жан Пјер Пулен, автор на „Речник за прехрамбени култури“ (Dictionnaire des cultures alimentaires). За разлика од некогашните европски трпези на кои намирниците се сечеле со оружје за да истакне начинот на кој аристократијата ја граба власта во државата, а тоа е насилството, Кинезите сакале да демонстрираат мир и благосостојба.

Така на ладното оружје – ножевите и вилушките, не им било местото на азиската трпеза. Ова „насилство“ се задржувало во кујната каде што се сечеле намирниците не само од практични причини, туку и за да се избегне гостите да видат огромно парче месо, кое ќе ги потсети на убиеното животно, додава Пулен.

ks

Според една легенда, стапчињата ги измислил првиот кинески цар Ју Велики кои стравувал да биде убиен, па ја забранил употребата на ножеви и вилушки.

Во една прилика бил толку гладен што не можел да почека да се олади јадењето па скршил две гранчиња со кои се послужил, раскажува Пулен.

Иако историчарите не се согласуваат многу околу тоа која верзија е најверодостојна, едно е сигурно – стапчињата се многу корисни за оние кои редовно ги употребуваат.

Имено, при нивно ракување се движат повеќе од 30 зглобови и 50 мускули на прстите, рацете и дланките.

- Реклама -