Зошто киселината им стана омилено оружје на бандите во Британија

Со краток поглед на британските информативни сајтови, ќе забележите дека нападите со киселина во земјата се сé почести. Киселината стана омилено оружје на уличните банди. Зошто? Затоа што за разлика од нож, киселината можеш лесно да ја скриеш, а уште поважно, можеш да ја фрлиш од далеку, објаснува Џермејн Лaлор – советник за млади.

Киселината се преферира бидејќи е лесна за криење во шишиња од разни пијалоци, при што полицијата не може лесно да ја детектира при обично проверки и претреси. Но уште поважно, додава Џермејн – и самиот поранешен член на банда, опасната течност е омилено оружје затоа што ако те фатат да ја користиш во напад, ќе добиеш до 6 месеци затвор. Во фатален случај при напад со нож, за споредба, те чекаат минимум 4 години. Тоа не е во ред, се согласува Џермејн, бидејќи невините жртви погодени од киселина често остануваат деформирани и со уништена самодоверба до крајот на животот.

Темата повторно стигна во јавноста откако минатиот викенд 15-годишно момче беше уапсено поради масовен напад со киселина во источен Лондон, при кој биле повредени 6 луѓе. Почнало со тепачка меѓу група мажи во трговскиот центар во Стратфорд, но тепачката се излеала и надвор од објектот. Набрзо врз толпата била фрлена киселина.

Другата предност на киселината е што е лесно достапна. Лесно достапен е и нож, ама со нож мораш да си блиску до жртвата. Киселината, од друга страна, може да биде фрлена од голема дистанца, што значи „максимум ефект со минимален ризик“.

Џермејн, како и многу други, повикува на построги казни за нападите со киселина. „(Во моментов) Нема правда при овие инциденти; Додека со нож те чекаат минимум 4 години, а можеби и доживотна, ако лицето е убиено“.

Jermaine Lawlor во утринска емисија.

Во последните три години, бројот на случаи во Лондон во кои се користела киселина како оружје е дуплиран. Само во април имало 45 напади. Експертите клучната причина ја гледаат во тоа што лесно се купува во одредени продавници – од една страна, и тоа што борбата против ножевите и огненото оружје е многу построга – од друга.

- Реклама -