Дали сте знаеле дека првото телефонско „Ало“ настанало по грешка?
Според многу извори Томас Едисон, пронаоѓач и конструктор , за прв пат употребил „Ало“ на телефон, бидејќи погрешно го протумачил звукот кој дошол од другата страна на слушалката околу 1877. година.
Александар Грејам Бел, еден од изумителите на телефонот, инсистирал на тоа дека единствениот вистински начин за јавување е „Ахој“, поздрав кој што го користеле морнарите десетина година пред во литературата за прв пат да биде забечежан зборот „Ало“. Од друга страна, според Оксфордскиот речник, Томас Едисон сметал дека луѓето би требало секогаш да се јавуваат со „Ало“, што покасно и заживеало.
Колку брзо се „попримило“ изговарањето на Ало говори и податокот дека веќе во 1889. година девојките и жените, кои работеле на размена на телефонските врски биле наречени „ало-дами“.