Ако некогаш сте се запрашале во што е тајната на дупчињата на вашите омилени крекери и бисквити, веројатно сте претпоставиле дека нивната улога е чисто декоративна и дека немаат некоја позначајна улога. Но, всушност, овие отвори се клучот на добриот крекер. Без нив, овие грицки не би се испекле како што треба. Главната улога на дупчињата е во тоа што ја ослободуваат пареата од тестото, која инаку останува заробена и предизвикува меури на кората. Со тоа помагаат да се постигне совршената крцкавост на крекерите.
Во процесот на изработка, тестото се рола во тенки фолии. Тие потоа патуваат под механизам со пинови, кој ги нанесува отворите во тестото. Позицијата и бројот на дупчињата зависи од големината и формата на крекерот. Ако тие се преблиску една до друга, бисквитот ќе заврши екстра сув и цврст, поради големата количина ослободена пареа. Ако се на преголемо растојание, делови од крекерот ќе нараснат и ќе формираат меури на површината, што кај грицките е непожелно. Во основа, трикот е во тоа да се зароби оптималната количина пареа за да се постигне совршената крцкавост и вкус.