Зошто кучињата кога се возат ја вадат главата низ прозор?

 

Сите кои се возеле во кабриолет со спуштен кров можат да го разберат чувството на задоволство и среќа кај кучињата кои гледаат низ прозор додека се возат во автомобил, а ушите им ги допира ветрот.

Освен поради очигледната опасност која со себе го носи ова уживање, тешко е да му го скратите на вашето куче ваквото задоволство. Но, која е причината што оваа активност е толку атрактивна за кучињата?

Главната причина е затоа што тоа го сакаат. Многу едноставно. Така се поблиску до сите возбудливи нешта кои се случуваат надвор од автомобилот. Подобриот поглед кон околината и зголемувањето на миризбата можат да им бидат неодоливи на животните чие што сетило за мирис е поразвиено од човековото.

3765700615_72445ffc55_o

Спротивно, постои популарно мислење дека не сакаат сите кучиња да ја вадат главата низ прозор. Тие можеби патат од болести при патувања или едноставно се плашат од автомобилот и звукот кој се слуша во текот на возењето.

Ако вашето куче е од оние кои не можат да дочекаат да го отворите прозорецот, треба да знаете дека кучињата можат да излезат низ отворен прозорец во текот на возењето, можат случајно да го подигнат прозорецот додека главата им е надвор, а може да дојде и до оштетување на окото поради прашината и каменчињата кои летаат низ воздухот.

3647963398_59d5d6e8dd_z

За време на возењето најдобро е вашиот миленик да биде правилно врзан за да не ви пречи при возењето. Доколку не можете да одолеете и му дозволите на вашето куче да гледа низ прозорецот, обидете се тоа да  не се случува додека возите брзо.

Сепак поради неговата безбедност нека биде правилно врзано.

- Реклама -