Зошто мажите носат брада, од еволутивен аспект

beard

Батали модерните трендови на бричење и небричење, што е суштината на брадата? Повеќето мажи изгледаат совршено добро и без неа, тогаш чуму? Дури ни љубителите на брадите често не го разбираат целосно или едноставно не се свесни за значењето на брадата.

На прв поглед, лесно е да се претпостави дека станува збор за привлекување на вниманието на спротивниот пол, но последните истражувања велат дека и тоа не е случај. Да, носењето брада има корен во желбата за внимание од спротивната страна, но не како порака кон жените. Брадата, пишува БиБиСи, е всушност порака до другите мажи.

И покрај генералното мислење, вниманието на жените не се задржува предолго на неизбриченото лице. Секако, постојат одреден број жени на кои брадата им делува попривлечно од мазниот машки лик, но тој процент е недоволен за да се заклучи дека мажите пуштаат брада заради женските погледи.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Затоа, истражувачите сугерираат дека се работи за секундарен тип на сексуална селекција. Имено, за успешно да се размножуваат, за животните, меѓу кои и човекот, најчесто не е доволно мажјакот да е само привлечен за спротивниот пол; мора да постои и натпревар помеѓу припадниците на истиот пол.

Последната студија објавена во весникот Oxford Journals, сугерира дека и жените, и мажите, длабокиот глас и брадата ја сметаат за симбол на сила и агресивност. Така, не станува збор за нужна привлечност колку што се работи за доминација над другите мажи.

Слично сценарио постои и меѓу жените, а тоа е носењето шминка. Добрата шминка не значи нужно и попрвилечна жена, но е порака до другите жени кои ја перцепираат и ја сфаќаат како израз на доминација помеѓу припадничките на понежниот пол.

- Реклама -