Зошто мажите повеќе играат видео игри од жените

Повеќе... Едно истражување го потврди очигледниот факт – мажите се повеќе склони кон насилните видео игри од жените. Причината за тоа? Вродената склоност кај мажите за освојување територии и борбениот натпреварувачки дух.


nc_video_games_070621_mn.jpgЕдно истражување го потврди очигледниот факт – мажите се повеќе склони кон насилните видео игри од жените. Причината за тоа? Вродената склоност кај мажите за освојување територии и борбениот натпреварувачки дух.

Играњето видео игри кај мажите ги активира деловите од мозокот кои се поврзани со наградувачкото задоволство и развивање на зависност, покажаа скенирањето. Колку повеќе постигнати поени и поразени непријатели, толку постимулирани се овие делови. Од друга страна, овие делови кај жените се помалку стимулирани кога тие ги играат истите видео игри.

Професорот Allan Reiss од Станфорд универзитетот во Калифорнија кој го водеше истражувањето изјави дека жените ги разбираат видео игрите исто како и мажите, но го немаат тој невролошки стимуланс да победуваат. Поголемиот дел од видео игрите кои се популарни кај машкиот пол се од територијален и агресивен тип. Скенирањата кои биле направени врз мажите и жените додека овие ги  играле истите видео игри, покажале голема активност кај центрите од мозокот за задоволство и зависност,  која се зголемувала пропорционално со освоената територија во видео играта. Тоа не било случај кај женските испитанички.
[Men enjoy computer games ‘because of basic urge to conquer’]

- Реклама -