![19dyf2s2127zljpg[1]](https://365.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/19dyf2s2127zljpg1.jpg)
Угледниот британски физичар Брајан Кокс смета дека никогаш нема да запознаеме вонземска цивилизација. Но неговото објаснување не е од оние класичните, дека многу сме оддалечени, или дека вонземјаните немаат интерес да се бават со луѓето (како ние што немаме да се бавиме со црвите).
Кокс, кој патем е познат и како водител на научните емисии “Stargazing Live” и “Wonders of the Universe”, смета дека нашата потрага за интелигентен живот нема да даде резултати, бидејќи е многу веројатно дека вонземските цивилизации веќе се имаат меѓусебно уништено, и тоа заради напредокот во науката. Кокс истото го предвидува и за луѓето.
Ваквата идеја прв пат ја изнесе физичарот Енрико Ферми во 1950-та година. Неговото прашање, познато како Фермиев парадокс, гласело:
„Ако било кој облик на живот со ракетна технологија може да ја колонизира галаксијата за неколку милиони години, зошто уште немаме докази за тоа?“
Едно од решенијата на парадоксот е тезата на Кокс – дека не е можно да се води свет кој има моќ да се самоуништи, и кому му е потребна глобална соработка за тоа да се спречи.
„Можеби напредокот на науката и технологијата неизбежно го кочат развојот на политичката експертиза и водат во пропаст“, смета Кокс.
![19dyf2s2127zljpg[1]](http://cdn-5859be45f911ca35ec95022d.closte.com/wp-content/uploads/2016/10/19dyf2s2127zljpg1-640x397.jpg)



