Дали некогаш ви доаѓа се да се чувствувате чудно кога ваш пријател раскажува интересен сон, што го сонил претходната ноќ, а вие никогаш не ги помните своите? Француски научници најдоа одговор на загатката зошто некои луѓе се сеќаваат на ноќните дејствија , а други – не.
Д-р Перин Ројби од истражувачкиот центар за неврологија во Лион успеал да ја открие областа во мозокот, каде се „снимени” соновите.
За време на експериментите во кои учествувале 41 доброволци, тимот на д-р Перин користел PET-скенер кој регистрирал спонтана мозочна активност на луѓето за време на спиењето и во будната состојба. Волонтерите биле класифицирани во две групи според резултатите. Во првата биле луѓето со силни спомени, кои може да паметат во просек по 5 од своите соништа неделно. Во втората оние со неуслужлива меморија – со по 2 меморирани соништа месечно.
Се покажало дека волонтерите со подобра ноќна меморија покажувале и многу напорна спонтана активност во фокусот на обработката на информациите на мозокот .
Оваа група покажала и два пати поголема реактивност на надворешни стимули за време на спиењето од останатите учесници во тестовите. Според научниците луѓето кои имаат силна спонтана мозочна активност се будат често ноќе за кратки интервали, без да бидат свесни за тоа. Токму за време на овие периоди на будна состојба тие ги префрлаат информациите за соновите во долгорочната меморија. Истите овие луѓе реагираат посилно на надворешни стимули како за време на спиењето, така и кога се будни – пример на звуци и светла. Но токму несвесното будење излегува клучот за незаборавањето на соништата.
„Заспаниот мозок не може да запамети нови информации”, категоричен е д-р Перин.