Пред на некој да му текне дека има дискриминација при земањето крв и да побара еднаква застапеност на сите прсти од раката во процесот, да објасниме зошто се прави како што се прави.
Прво и основно, палецот и малиот прст по дифолт отпаѓаат (освен кога специфичниот случај наложува обратно). Тие се многу подобро крвно поврзани со раката отколку другите прсти:
Тоа значи дека, во теорија, евентуалната инфекција што би настанала преку палецот или малиот прст, многу побрзо би се проширила „нагоре“ и би ја зафатила раката. А минимален ризик од инфекција секогаш постои, па ниту еден медицински не сака да ризикува, особено не при еден така тривијален чин како што е земањето крв.
Значи, остануваат средните три прста. Обично се бира четвртиот на левата рака. Четвртиот прст затоа што е помалку корисен и помалку користен од средниот (не само за она очигледното, туку и општо) и показалецот. Левата рака затоа што обично е недоминантна (има многу повеќе деснораки, нели).
Освен тоа, се смета и дека четвртиот прст има нешто помалку рецептори за болка, па боцкањето е помалку непријатно. Исто така и кожата е потенка, па боцкањето е полесно. Што потоа се одразува и со побрзо заздравување.