Ова прашање му беше поставено на 30-годишниот основач на социјалната мрежа Facebook, Марк Цукерберг на сесија на прашања и одговори во Калифорнија. Цукерберг е познат по неговиот вкус да се облекува во спортски стил, сличен на модниот избор на покојниот Стив Џобс од Apple, со неговата прочуена црна ролка.
Цукерберг ја потврдува тезата поддржана и од претседателот на САД Барак Обама, дека за да биде максимално креативен и способен, човечкиот мозок мора да штеди од бројот на решенија кои може да се заземат дневно. Затоа мозокот е способен да носи одлуки одреден број пати, во период од 24 часа. Потоа се кочи во решавањето или избрзува непромислено и сугестивно. Според него, облеката не е толку важен избор кога треба да одлучиш за други важни работи. Темата е поврзана со капацитетот на мозокот да решава, со творечката енергија на умот, потребната креативност на луѓето…
На јавната дискусија во САД пред неколку дена Цукерберг одгвори: „Навистина сакам да донесам што е можно помалку решенија, за да и служам на најдобар можен начин на компанијата”. Според неговите зборови, „малите одлуки” како што да облече наутро или што да јаде за ручек, троши од менталната енергија и тој не сака да ја користи за тоа.
„Во среќна позиција сум да се будам секој ден и да одам да им служам на повеќе од милијарди луѓе во светот. Би чувствувал дека не си ја вршам работата, ако арчам од својата енергија за работи кои се глупави или површни во мојот живот “, вели Цукерберг, цитиран од Business Insider.
Изборот на црната ролка на Стив Џобс пред години ја поддржуваше оваа теза. Џобс дуриизјавил пред многу години дека сакал сите вработени на Apple да носат иста облека како него. Тој порачал да биде изработена од јапонски дизајнер како униформа, откако се инспирирал од Sony, кога ги посетил во 80-тите години на 20. век.
Во Sony вработените носеле униформи, кои ги терале да се чувствуваат емоционално поврзани со компанијата. Моделот на облеката сепак сретнал голем отпор кај вработените во Apple и идејата останала неизреализирана.