Зошто патувањето во вселената не е како во филмовите

Sounds_spaceДоколку филмовите беа во склад со научната вистина, тогаш нема да има никаков звук во вселената. Тоа значи дека ракетите ќе бидат бесшумни, како и ласерите за време на вселенските битки. Но гледањето на која било акциона сцена во Војна на Ѕвездите без звук би било неверојатно здодевно, па затоа филмаџиите обично го занемаруваат овој факт.

Доколку филмовите беа во склад со научната вистина, тогаш нема да има никаков звук во вселената. Тоа значи дека ракетите ќе бидат бесшумни, како и ласерите за време на вселенските битки. Но гледањето на која било акциона сцена во Војна на Ѕвездите без звук би било неверојатно здодевно, па затоа филмаџиите обично го занемаруваат овој факт.

Нема звуци во вселената
10-Sounds

Вселената по дефиниција е направена од апсолутно ништо. Бидејќи звукот е предизвикан од вибрациите низ различни медиуми – воздух, вода итн. – не постои никаков начин звукот да биде пренесен во вселената.

Потребно е навистина доооооолго време за да се стигне некаде
09-Long-Time

Во повеќето филмови, патувањето во друг сончев систем се одвива колку и меѓуградско возење. Во реалноста, оддалеченоста меѓу планетите е толку голема што потребно е повеќе од еден животен век за да се стигне до нив. Најблиската ѕвезда до сонцето е 25 трилиони километри подалеку од Земјата. Дури и на најбрзата ракета на НАСА ќе и биде потребно 100,000 години за да стигне до таму.

Црвјите дупки нема да бидат од корист при патување
08-Wormhole

Во многу филмски приказни, црвјите дупки се лесен начин за луѓето да отпатуваат на големи дистанци речиси инстантно или дури и да патуваат низ времето. Но постои многу добра причина зошто писателите на научна фантастика прибегнуваат кон такво лесно решение: црвјите дупки се само теоретски. Научниците шпекулираат за постоењето на црните дупки уште од 1920, но не постои вистински доказ дека тие би можеле да се искористат за патувањето во вселената. Дури и ако постои можност тие да бидат портал од едно до друго место, тие сепак не би биле од голема корист зошто некои теории велат дека тие се микроскопски и постојат само дел од секундата.

Патувањето со брзина на светлината ќе предизвика вселенското летало да се распадне
07-Lightspeed

Повеќето филмови го користат патувањето со брзина на светлината како лесно решение за вселенските бродови да ја поминат огромната дистанца помеѓу галаксиите. Патувањето со голема брзина можеби изгледа како најдобар начин да се надмине проблемот со оддалеченоста, но дури и тогаш се јавува нов проблем  – вселенскиот брод да се распадне и да се претвори во прашина.

Нема да можеме инстантно да комуницираме со сите вонземјани
06-Aliens

Англискиот јазик – или кој било друг – е продукт на милиони години културна еволуција, што значи безброј коинциденции ја овозможиле комуникацијата каква што е денес. Со тоа на ум, какви би биле шансите да налетаме на вонземска раса со која ќе можеме веднаш да комуницираме? Дури и да налетаме на некоја интелигентен вид на некоја друга планета, за што шансите се минимални, колку е веројатно дека како членовите од екипажот на Ѕвездени патеки веднаш ќе се разбериме со нив?

Не може да има експлозии во вселената
04-Explosions

Од истата причина поради која не може да има звук во вселената, не се возможни ниту големите огнени експлозии. На огнот му е потребен кислород за да постои, нешто што дефинитивно го нема во вселената. Можеби би имало некој излив на енергија за време на експлозија на вселенско летало или можеби некој краткотраен пламен кој гори од течниот кислород, но тоа нема да биде ни најмалку слично на спектаклот на, да речеме, експлодирањето на Ѕвездата на смртта во Војна на ѕвездите.

Изложеноста во вселената би била фатална во истиот момент
02-Space-Exposure

Изгледа дека не постои ниту еден единствен филм во кој е прикажано што навистина му се случува на човечкото тело кое е изложено директно на вакуумот во вселената. Тие или покажуваат дека личноста се загушува, замрзнува, или пак експлодира заради недостатокот од притисок. За жал, вистината е многу полоша од кое било од овие сценарија. Благодарејќи на Хенриевиот закон драстичната промена во притисокот ќе предизвика сите течности во вашето тело да испарат во моментот, од плунката до крвта и урината. Заради ова, вашето тело ќе зголеми за два пати повеќе од вашата тежина, додека ја губите свеста (не грижете се, целиот процес трае околу 15 секунди). Во тек од пет минути сите течности од вашето тело што останале ќе бидат вшмукани во празнината, оставајќи само исушена лушпа на она што било вашето тело. И не, ова не се само шпекулации, бидејќи неколку астронаути биле на пат тоа да им се случи пред да бидат брзо спасени.

Немаат сите планети гравитација како Земјата
01-Gravity

Во секој филм каде луѓето патуваат на различни светови, тие ќе сретнат поинаква клима или атмосфера, но речиси секогаш се среќаваат со гравитација слична како таа на Земјата. Ова функционира во филмската приказната за  луѓе кои истражуваат друга планета, но шансите тие да слетаат на планета со поднослива гравитација се бескрајно мали. Дури и во нашиот сончев систем постојат планети со доволно гравитација која би здробила човечко суштество, помеѓу оние другите на кои гравитацијата едвај би го задржала човекот на тлото.

- Реклама -