Зошто поларните риби не замрзнуваат

Арктички бакаларТемператури околу минус 1,8 степенеи целзиусови би требало да замрзнат која било риба, зашто крвта на повеќето риби замрзнува на минус 0,9 степени. Тогаш како преживуваат рибите кои живеат во водите околу Антарктикот? Група научници кои вршеле истражување на оваа тема веруваат дека го нашле одговорот.

Температури околу минус 1,8 степенеи целзиусови би требало да замрзнат која било риба, зашто крвта на повеќето риби замрзнува на минус 0,9 степени. Тогаш како преживуваат рибите кои живеат во водите околу Антарктикот? Група научници кои вршеле истражување на оваа тема веруваат дека го нашле одговорот.

антартички бакаларУште пред 50 години, науката знаела за специјални протеини за заштита од студ најдени кај некои риби. Но начинот на кој тие функционираат долго време бил мистерија. Истражувачите успеале, користејќи специјална техника наречена терахерцна спектроскопија, најпосле да ја осветлат оваа мистерија. Со помош на терахерцна радијација, било мапирано движењето на молекулите на водата и протеините.

Молекулите на водата, кои во нормални услови постојано се во движење, и постојано формираат нови врски, се однесуваат многу поуредно. Како што изјавил еден од научниците „диско танцот станува минует“. 

Предмет на сегашното истражување биле глукопротеините на рибата Dissostichus mawsoni, или Антарктички Бакалар. Протеините имале прилично голем радиус на дејствување врз молекулите на вода, и формирале топлотен штит околу рибата. На овој начин, се спречува формирањето на кристали на мраз, ефект кој станува сè понагласен со падот на температурата. [Why don’t fish in the Arctic Ocean freeze?]

- Реклама -