Зошто продолжуваме да јадеме и кога сме сити?

Guilty_EatingНе можете да престанете да јадете за време на празниците? За тоа се виновни хормоните. Поточно, хормонот грелин или т.н. хормон на гладот кој делува на мозокот така што продолжуваме да јадеме иако сме сити ако однапред знаеме дека ќе уживаме во храната што не привлекува.

Guilty_Eating_19cm_x_10cmНе можете да престанете да јадете за време на празниците? За тоа се виновни хормоните. Поточно, хормонот грелин или т.н. хормон на гладот кој делува на мозокот така што продолжуваме да јадеме иако сме сити ако однапред знаеме дека ќе уживаме во храната што не привлекува.

Неколку истражувања во последниве години покажаа дека кога сме гладни во нашето тело се создава хормонот грелин (т.н. хормон на гладот). Едно ново истражување направено од UT Southwestern Медицинскиот центар покажа дека грелинот може да делува на мозокот така што некои луѓе продолжуваат да јадат и да уживаат во храната и покрај тоа што се веќе  сити.

Др. Џефри Зигман, еден од авторите на студијата вели дека луѓето така посегнуваат по таканаречените награди, т.е. храната која ни пружи задоволство и прави да се чувствуваме подобро. Ваквата храна помага и при реорганизацијата на памтењето така што повторно можеме да се сетиме каде сме ги откриле тие задоволства.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Во истражувањето беа направени два теста врз глувци. Во првиот, научниците набљудуваа дали глувците, откако ќе бидат нахранети, ќе ја одберат собата во која претходно нашле масна храна, или собата во која се наоѓа полесна храна. Кога на глувците им бил даден грелин, тие ја преферирале исклучиво собата со масна храна, а оние без грелин не покажувале што преферираат повеќе. „Мислиме дека грелинот ги натера глувците да бараат масна храна бидејќи тие запамтиле дека во неа уживале и претходно.“ вели др. Марио Парело, водачот на студијата.

Во другиот тест експертите набљудувале колку долго глувците ќе бараат масна храна. Се покажа дека повторно оние глувци кои  не добиле грелин многу порано се откажале од оние кои добиле од хормонот. Луѓето и глувците делат исти мозочни клетки и хормони, како и слична градба на т.н. „центри на задоволство“. Значи, следниот чекор на научниците ќе биде да одредат кои нервни центри во мозокот го регулираат активирањето на грелинот. [Why do we eat even after we are full?]

- Реклама -