Зошто само луѓето немаат коска во пенисот?

ljudi-nemaju-kost-u-kiti-jer-su-monogamni-kaze-nova-studija-body-image-1481804307[1]
Селекција од пенисни коски од разни животни.

Научниците кои своите со мака стекнати дипломи ги имаат посветено на изучување на пенисите на сите можни животински видови, ја решија старата мистерија зошто луѓето, за разлика од другите цицачи, немаат коска во пенисот (baculum). Се разбира, се работи за еволуција.

Сега кога еволуцијата нé доведе до ниво да можеме да го полниме мозокот со куп апстрактни концепти, од кои добар дел понекогаш ни ја отежнуваат ерекцијата, не е баш сјајно да се знае дека истата таа еволуција ни ја одземала пенисната коска. Да објасниме:

Имено, во истражувањето на научниците од University колеџот во Лондон, објавено во Proceedings of the Royal Society B, се тврди дека луѓето ја изгубиле пенисната коска заради моногамните врски. Истражувачите наведуваат дека пенисната коска се развила пред околу 145 и 95 милиони години, за да им овозможи на цицачите да имаат сексуални односи со подолго траење во животинските заедници со голема сексуална конкуренција. Со други зборови, коската во пенисот овозможувала структурна потпора за мажјакот да може подолго да трае во кревет… овај, во грмушка. Тоа има сосема логична импликација: што повеќе време поминува мажјакот во однос со женката, толку помали шанси таа да се пари со други.

Гледано од друг аспект, јасно е дека природата ни дала совршен лек против импотенција, ама ние сме се правеле паметни па сме избрале моногамија наместо полигамни односи. Ефектот од моногамијата пак, според научниците, е што кога изостанува посткопулаторната конкуренција меѓу мажјаците, должината на сексуалниот однос станува неважна од практична гледна точка. Кратко речено, веќе не ни била потребна пенисната коска за успешно парење.

И сега? Е па сега стигнуваме до точка кога лековите против импотенција се едни од најпродаваните и најшверцуваните. Што е следно? Да дознаеме дека еволуцијата намерно ни ја одземала коската за да ни продава Вијагра?

- Реклама -