Зошто сите сакаат свадба на 13-ти декември?

Повеќе од 20 илјади парови закажале свадба на овој ден, а причината е многу интересна.

Имено, секоја година постои некој специфичен ден на кој што паровите сакаат да се венчаат, а годинава во САД се случува „тепачка“ за 13 декември.

v

Зошто баш 13-ти?

Во САД кога се пишува датум, најпрво стои месецот, потоа денот, па годината, за разлика од кај нас кога прво пишуваме ден, месец, година.

Така 13-ти декември се пишува 12/13/14.

„Моравме да одбиеме многу луѓе. Ни пристигнуваа и по 20 барања во ден за овој датум, што е многу невообичаено за месец каков што е декември“, вели матичарка во Њујорк.

Таа додава дека со интересот рипнале и цените за свадба на овој посебен нумеролошки ден.

Прочитајте и:  Трамп најави дека на 20 јануари ќе воведе царини за производи од Кина, Канада и Мексико

sv2

- Реклама -