Без влакна на јазикот

Во нашиот јазик употребуваме тролку многу фрази, но реално не знаеме многу за нивното потекло.

Затоа решивме оваа седмица секој ден да објавуваме за значењето на еден израз.

Започнуваме понеделнички „Без влакна на јазикот“.

Во исто значење се употребува и немаш влакна на јазикот, а значи да се зборува отворено, смело и без страв да се изговори сопственото мислење. Исто значи и да се има долг јазик, да се биде дрзок, енергичен, остро да се брани својот став.

Во некои наши краеви посетоело верување дека на оние кои лажат им растеле влакна на јазикот, па затоа мајките често велеле „Исплази го јазикот да видам дали лажеш“.

Тоа би требало да значи дека оние кои не лажат, кои немаат што да кријат, можат да го покажат јазикот односно да говорат отворено и остро „без влакна“.

Прочитај и зошто велиме „му паднала секирата во мед“

 

- Реклама -