Зошто во цртаните на Дизни ликовите често ги губат родителите?

Ликовите во цртаните на Дизни ретко имаат родители, особено мајки, а и кога ги имаат, обично кратко „траат“. Зошто?

Одговорот на прашањето се обидува да го даде Дон Хан – извршниот продуцент на „Maleficent“. Има работено и на Дизниевите класики како „Убавицата и ѕверот“ и „Кралот Лав. Го сведува на две можни објаснувања, кои баш и не мора да се исклучуваат едно со друго.

„Едната причина е практична, бидејќи Дизниевите филмови траат 80 до 90 минути и зборуваат за одраснување. Ликовите се во оној период од животот кога треба да преземеш одговорност. Симба го изгуби татко му и побегна од дома, но созреа и се врати. Мајката на Бамби ја убија, па Бамби мораше да порасне. Бел имаше само татко, но го изгуби, па и таа мораше нагло да порасне. Накратко, ликовите многу побрзо растат и созреваат кога остануваат без родителите. “.

Другата приказна е многу пофројдовска и потажна.

Имено, во раните 1940-ти години, Волт Дизни им купил куќа на родителите. Пратил дел од мајсторите кои работеле за студиото за да ја поправат печката во новата куќа, но кога неговите родители се преселиле, печката протекла, а мајката на Волт умрела.

„Домарот ги пронашол дури следното утро. Татко му бил во лоша состојба и го однеле во болница, но мајка му починала“, раскажува Хан.

Тој вели дека Дизни никогаш не зборувал за смртта на мајка си, а не зборувале ни тие околу него.

„Никогаш не зборуваше за тој период, бидејќи се чувствуваше виновен што станал толку успешен и на родителите им рекол ‘Дајте да ви купам куќа’. Сон на секое дете е на своите родители да им купи куќа, но благодарение на чудниот сплет на настани, без негова вина, работниците во домот не знаеле што прават… Тоа е само теорија, јас не сум психолог, но мислам дека тоа го прогонуваше. Идејата дека допринел за смртта на мајка си е навистина трагична“.

Па ете, најлогичниот одговор веројатно е комбинација од двата понудени. Волт Дизни, иако не бил дете, веројатно најмногу созреал кога изгубил родител – нешто што се случува и кај голем дел од луѓето, без разлика на која возраст се. А тоа влијаело на неговите филмови.

- Реклама -