Зошто во зима затруднуваат најмногу жени?

Океј, еден фактор се новогодишните забави и алкохолот. Друг фактор е што луѓето недоволно користат заштита – вклучително и на новогодишните авантури. Трета причина е што и општо луѓето имаат повеќе секс – во топол кревет е поубаво отколку надвор.

Ама, тоа што најмногу бебиња се раѓаат во септември (и има статистички најмногу Лавови и Девици во хороскоп), не е директен резултат на новогодишните журки и празничното расположение. Напротив, се работи за биолошки феномен.

Како што пишува журналот „Obstetrics and Gynecology“, епидемијата на „зимски“ бебиња се должи, од една страна, на квалитетот на спермата, кој во овој период од годината е повисок отколку во останатите периоди. Од друга страна, биологијата не остава ништо на случајноста, па и матката е поподготвена за бременост во зима.

Прочитајте и:  Зошто првиот оброк по породувањето е толку сладок?

 

- Реклама -