Зошто некои деца се ниски?

Депресијата не е само болна туку според една нова студија таа го попречува и физичкиот раст. Според студијата, децата чии мајки страдаат од депресија во првата година од нивниот живот се пониски.

Памела Суркин предводела тим истражувачи кој ги анализирал податоците од преку 6000 мајки и бебиња во текот на четири години. Тие откриле дека децата чии мајки страдале од умерена до сериозна депресија во деветте месеци по нивното раѓање имале 50 проценти повисоки шанси да бидат пониски од просекот на пет годишна возраст.

Суркин верува дека последица на постпородилната депресија е причина за овие резултати. „Имаме хипотеза дека главната врска помеѓу симпомите на мајчината постпородилна и висината на детето е воспитувањето, најверојатно преку хранењето или намалената способност на мајките за грижење за нивните деца кога се болни.“

Меѓународни студии во текот на минатата деценија покажале дека мајките со постпородилна депресија имаат потешкотии во идентификување на проблеми и поврзување со нивните млади деца што значи дека за нив е потешко да идентификуваат физички проблем кај децата.

Исто така страдаат и „хранењето, особено доењето, рутините за спиење како и посетите на доктор и вакцинации“. Бидејќи неадекватната исхрана е голем фактор во потпросечниот раст овие проблеми предизвикани од постпородилна депресија имаат долготрајни последици на физичкиот развој на детето.

- Реклама -