Зошто почесто треба да се патува

Како што сите знаеме одморот многу влијае на здравјето и е одличен начин да се ослободиме од стресот кој се насобрал од динамичниот начин на живот. Истражувањето на др. Џесика Де Блум, психолог на финскиот универзитет во Тампере, го докажало токму тоа.

Она што е посебно интересно е дека многу повеќе не прави среќни трошењето пари на концерти, фамилијарни излети и кратки патувања отколку купувањето на материјални работи као накит, облека и скапи електронски уреди. Исто така, статистички се докажало дека луѓето кои одат почесто на одмори се поздрави за разлика од оние кои не го практикуваат тоа.
t1@4e963466-bc60-4238-a0cd-421d0e426764
Доколку одиме повеќе на кратки одмори е многу подобро, отколку еден долг одмор. Но дали патувањето ќе биде успешно зависи од повеќе фактори, како нервозата при патувањето или пак како ќе го поминеме последниот ден.

Др. Блум советува додека патуваме на одмор, да не се оптоваруваме со ситните работи дали ни се при рака и препорачливо е да се патува со релаксирачка музика. Додека сме на одмор повеќе ќе не релаксираат активности и забава, отколку само да се лежи на плажа и да се сончаме.

Исто така напоменува пакувањето за враќање да се заврши претпоследниот ден, а последниот ден да се искористи за максимално уживање.

- Реклама -